Опаѓа бројот на нуклеарни боеви глави во светот, ама…

СПОДЕЛЕТЕ
Реплика на најмоќната детонирана нуклеарна бомба на сите времиња – советската AN-602, попозната како „Цар бoмбa“, изложена во Московскиот музеј

На почетокот на 2019-та, вкупниот број на нуклеарни боеви глави во светот опаднал за околу 600 парчиња, во споредба со лани, на почетокот на 2018-та, кога САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Израел, Индија, Пакистан и Северна Кореја поседувале околу 13.865 парчиња нуклеарно оpyжје, се наведува во извештајот на стокхолмскиот Меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI).

Но, веднаш се додава во извештајот, земјите кои поседуваат нуклеарно opyжје сега му даваат „поголема важност“ и активно го модернизираат својот арсенал.

„Во светот има помалку нуклеарно opyжје, ама е поново“, вели Шенон Кајл – директор на програмата за контрола на нуклеарното opyжје во СИПРИ, а воедно и автор на извештајот.

Намалувањето на нуклеарниот арсенал во последниве години главно се должи на намалувањето на нуклеарните арсенали на САД и Русија, кои сè уште претставуваат повеќе од 90% од вкупното светско нуклеарно opyжје. Намалувањето во двете водечки нуклеарни сили е последица на спогодбата START (Strategic Arms Reduction Treaty), потпишана во 2010-та година, со која се предвидува ограничување на бројот на функционални боеви глави и уништување на старите боеви глави од периодот на Студената војна.

Сепак, во извештајот на SIPRI се изразува загриженост околу генералната тенденција на „истакнување на важноста“ на нуклеарното opyжје, главно преку промена на стратешките доктрини, особено во САД, кои на нуклеарното opyжје му даваат сè поголема улога во воените операции и расправите за националната безбедност.

Притоа, важноста на START истекува во 2021 година, а во меѓувреме двете земји престанаа да се придржуваат и до INF (Intermediate-Range Nuclear Forces Treaty) од 1987 година, па извештајот не ја исклучува можноста од нова американско-руска трка во нуклеарно воopyжување.

Кајл укажува и на неколку загрижувачки трендови, како што е натрупувањето на нуклеарно opyжје на двете страни на индиско-пакистанската граница, што ја зголемува опacноcта од конвенционален кoнфликт, кој потоа би можел да прерасне и во нуклеарен.

- Реклама -