Home Технологија Автомото Луда снимка од рели трка во Загреб: Отспротива им налета патнички автомобил (ВИДЕО)

Луда снимка од рели трка во Загреб: Отспротива им налета патнички автомобил (ВИДЕО)

0
Луда снимка од рели трка во Загреб: Отспротива им налета патнички автомобил (ВИДЕО)

Словенечкото дуо Рок Турк (возач) и Бланка Кацин (совозач), како и сите други рели тимови, несомнено се подготвуваат за куп работи поврзани со трката, возилото и патеката, но веројатно никогаш не им паднало ни на крај памет дека ќе им се случи ваква ситуација. За време на тренингот за трката во Загреб во склоп на релито INA Delta, од зад еден поблаг свиок (што значи и многу побрз свиок) од спротивен правец им наиде патнички автомобил кој воопшто не смеел да биде таму.

По брзата реакција на возачот и избегнатиот директен судир, следуваше бурна реакција на совозачката Кацин. Сосема оправдано, бидејќи како што објаснуваат организаторите, единствен начин на кој возачот со патничко возило можел да се најде таму е ако свесно ги игнорирал сите попатни предупредувачки знаци поставени поради одржување на трката.

https://www.facebook.com/rok.turk.rally/videos/1828672467233150/

 

Кога сме кај релито, прочитајте и: ШТО ВСУШНОСТ ОБЈАСНУВА СОВОЗАЧОТ ВО РЕЛИ ТРКИТЕ?

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here