Грција е во топ 4 земји со најквалитетна вода за капење во Европа

Според годинешниот извештај за квалитетот на водата за капење на Европската агенција за животна средина, во најквалитетна/најчиста морска вода можете да уживате на Кипар.

Грција, со 97% од водата во пливачките зони оценета како незагадена, се наоѓа на 4-тото место. Според извештајот, 97% од морската вода во пливачките зони е оцената како „исклучителна“, и тоа според строгите критериуми на Европската агенција за животна средина, додека 1.1% е оценета како „добра“.

При изготвувањето на извештајот проценуван е квалитетот на плажите за капење ширум Европа, вклучително и речните и езерските води/плажи. Само во Грција има 1.598 плажи/пливачки зони, што претставува 7.2% од вкупната површина вода за капење во цела Европа.

Ayia Napa, Кипар

На ниво на Европската унија, генерално гледано, 85% од водите на плажите се оценети како чисти, додека 95.4% од вкупно 21.831 локации во 28-те земји членки го задоволуваат стандардот на квалитет според правилата на ЕУ.

Земајќи го тоа во предвид, Грција е меѓу малкуте земји во ЕУ кои можат да се пофалат со далеку повисок квалитет – таа е меѓу четирите членки на Унијата во кои дури 95% или повеќе од плажите имаат исклучителен квалитет на водата.

На прво место е Кипар – со 99.1%, зад Кипар е Малта – со 98.9%, додека на третото место е Австрија – со 97.3% плажи со исклучителен квалитет на (во случајот на Австрија, езерска и речна) вода.

Балос, Крит

Меѓу земјите со најлош квалитет на водата предводи Италија со само 89 површини со квалитетна вода за капење, односно 1.6% од сите водени пливачки површини во земјата. Нешто подобра е Франција со само 54 водени површини со квалитетна вода, односно 1.6% од вкупните пливачки површини во земјата. Најдобро меѓу овие земји котира Шпанија, со 50 водни површини со квалитетна вода – односно 2.2% од вкупниот број локации за пливање. Треба да се напомене дека Шпанија и Италија бележат подобрување во овој поглед во споредба со 2017-та година.

„Нашиот извештај потврдува дека напорите на државите членки кон подобрување на квалитетот на водата за капење, направени во последниве 40 години, се исплатат“, вели Ханс Брајнинк – извршен директор на Европската агенција за животна средина. „Денес повеќето Европјани можат да се капат во чиста вода, но ова е само една од компонентите на која треба да се работи, бидејќи тука се и заштитата на подводниот свет, намалувањето на пластичниот отпад… поради што мора дополнително да се работи на зголемување на здравјето на морињата, реките и езерата“.

 

Патем, квалитетот на водата во пливачките зони, за потребите на извештајот, е одредуван преку мерење на два микробиолошки параметри: присуството на ешерихија коли и присуството на интестинална ентерококи.

- Реклама -