Груевски мудрува за пописот: Видовте пред 7.5 години како не треба

СПОДЕЛЕТЕ
ФОТО: Наке Батев

Само ставање на државните пред партиските и личните интереси, само чесен приод и чесни намери на сите учесници во пописот, но и само силен надзор и контрола, можат да резултираат со успешно статистичко пребројување при претстојниот попис во државава, нè поучува експремиерот во бегство/азил во Будимпешта – Никола Груевски. Само кристално чист попис ќе се смета за успешен и ќе биде признаен од сите, посочува тој.

Според него, принципот „во четири очи“, највисока досега транспарентност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростат, и изреката „трипати мери – еднаш сечи“, треба да се најважните елементи кои треба да се имаат на ум при спроведувањето на следниот попис во државава.

Како контрапример Груевски ги посочува негативните искуства од минатото од пописот од пред седум и пол години. Тие искуства, порачува тој, треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за истите да не се повторат и при следниот попис.

„Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред сè“, заклучува Груевски, потсетувајќи дека поради уставните одредби кои произлегоа од Охридскиот рамковен договор, во Македонија пописот како статистичка операција, освен статистичка, има и сериозна политичка важност.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ