Избран најлошо облечениот на Евровизија, Тамара е во топ 5 (ВИДЕО)

Како и секоја година од 1997 наваму, и годинава најлошо облечените на Евровизија, според гласовите на фановите на фестивалот, беа наградени со таканаречената Barbara Dex Award.

Наградата се доделува во „чест“ на белгиската претставничка Барбара Декс, која на Евросонг 1993 настапи во сопствена креација која сама ја сошила. Тоа, очигледно, ѝ донесе огромен непланиран „успех“.

И оваа година  изборот за „најпогрешен“ (односно „највпечатлив“, во негативен контекст) избор на облека е во организација на белгискиот вебсајт Songfestival.be, кој организацијата на наградата ја презеде во 2016-та од холандските основачи Роб и Едвин од House of Eurovision.

На овогодинешниот избор, според рекордни околу 4.000 гласови од фановите од сите 41 земја учеснички, „победник“ е португалскиот претставник Конан Осирис, кој настапи во првата полуфинална вечер и заврши последен, па со тоа не освои пласман во финалето. Аутфитот на Конан многумина го споредија со рептил. Иако зелениот костум со црвена позадина очигледно требаше да ги претставува боите на Португалија, за фановите на Евровизија комбинацијата со синтетичка брада и патики „со воздушно перниче“ беше премногу.

Најлошо облечената петорка ја комплетираат:

2. Tamta, од Кипар
3. ZENA, од Белорусија
4. Елиот, од Белгија
5. нашата претставничка – Тамара Тодевска.

Тамара настапи во креација на Александар Ношпал во смарагдно зелена боја. Според Ношпал, бојата симболизира душевен мир, хармонија, повторно раѓање и надеж. Детал на кој инсистил Ношпал е грбот, каде има сребрен патент, пишува „Репортер“. Фустанот го изработувал сам и на него потрошил околу 700 работни часови, а по теркот на француската висока мода, како што изјави самиот Ношпал пред Евросонг.

Сепак, петтото место на Тамара е далеку зад пласманот на македонските претставници на минатогодишниот Евросонг, кога Марија од „Ај Кју“ го освои првото место за најлошо облечена на фестивалот. Тоа на Македонија ѝ беше втора „Барбара Декс“ награда. Првата ја освои Мартин Вучиќ по Евросонг 2005. По нив, во продолжение ќе ги видите и останатите од најлошо облечените топ 5 на Евросонг 2019.

- Реклама -