Русија за барањето од НАТО да ги повлече трупите: Ко расипана плоча се…

Барањето е неадекватно, оцени рускиот сенатор на Крим – Сергеј Цеков, за повикот на НАТО Русија да ги повлече своите трупи од полуостровот.

„Кримјаните живеат во мир и спокојство, а НАТО би сакал да ја дестабилизира ситуацијата на Крим. Не им се допаѓа начинот на кој Крим се развива, но нема да им го овозможиме тоа задоволство“, вели сенаторот за „Спутник“. Според него, Крим се соединил со Русија легално и праведно, а барањата на Алијансата се неадекватни.

Првиот заменик-претседател на кримскиот парламент – Јефим Фикс, е уште повеќе критичен; повиците на НАТО Русија да ги повлече трупите му звучат на стара расипана плоча.

„Време е да престанат да користат стари расипани плочи и да ја променат реториката во односот кон Русија. Крим е руски и на тоа му е ставена точка. Ставовите на НАТО по ова прашање не нè интересираат. Нека се грижат за своите работи, а Крим сам ќе се снајде како да работи“, вели Фикс.

И шефот на работната група за меѓународно-правни прашања во постојаното претставништво на Република Крим при претседателот на Руската Федерација – Александар Молохов, вели дека не треба да се посветува внимание на зборовите на претставниците на НАТО, вклучително и генералниот секретар Јенс Столтенберг.

„Не кажа ништо ново. Само редовни ритуални фрази кои го одразуваат цврстиот и неконструктивен став на НАТО војската“, констатира Молохов.

Претходно началникот на воениот комитет на Северноатлантската алијанса – Стјуарт Пич, изјави дека НАТО не ја признава припадноста на Крим кон Русија и ја повика Москва да ги повлече своите војници од полуостровот. За Путин, меѓутоа, прашањето е „конечно затворено“ со референдумот по државниот преврат во Киев, кога за обединување со Русија гласаа 96.77% од избирачите од Република Крим и 95.6% од избирачите од Севастопол. За Украина, пак, Крим сè уште е украинска територија, но привремено окyпиpaна.

- Реклама -