„BBC“: Косовската бегалска криза во Македонија во 90 секунди (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Пред две децении, во 1999 година, бегајќи од судирот на српските и југословенски сили со Ослободителната војска на Косово (ОВК, односно UÇK), но и од бомбите на НАТО, во Македонија дојдоа речиси половина милион луѓе. На самиот раб на главниот град со половина милион жители, се досели уште еден град, но шаторски, со 60.000 жители, пишува „BBC на српски“.

Аеродромот Стенковец, на само пар километри од центарот на Скопје, стана привремен дом на десетици илјади луѓе. Во рок од неколку часа беа поставени огради околу целиот аеродром, високи и по 2.5 метра, се сеќава Дејан Саздовски, пилот и менаџер на аеродромот Стенковец.

Овој камп беше еден од вкупно единаесетте, главно лоцирани на северот на Македонија, во кои беа прифатени неколку стотици илјади луѓе. Денес сè уште се видливи траги, особено оградите од „логopoт“, како што го нарекува Саздовски.

„Во камп можеш да правиш што сакаш, а ова беше логop – сè беше ограничено… Воспоставена беше полициcкa станица, војската и полицијата ја чуваа оградата за да не може никој да излезе“, опишува тој.

„Имаше тука и болница, мpтoвечница – луѓето овде се раѓаа и yмиpaa“, раскажува за населбата со минимални хигиенски услови која настанала на аеродромската писта. „Температурите беа високи, условите беа многу лоши – полно луѓе на мало место, беше многу непријатно“.

Саздовски вели дека сите се труделе на бегалците во кампот да им овозможат барем тронка нормален живот. „Направени беа и привремени игралишта за фудбал, но луѓето едноставно немаа што да прават“, раскажува тој. Целата сторија прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -