Мадона си ги „нашминка“ фалшовите од Евровизија со дигитално поправено видео (ВИДЕО)

Додека кај нас главна тема од Евровизија беа успехот на Тамара, „наместеното“ гласање и правото на одлучување на македонската дијаспора околу внатрешните работи на државава, во остатокот од светот, особено кај понеутралните гледачи на Евровизија, главна тема беше Мадона. Поточно, настапот на Мадона. Најточно, нејзините ужасни фалшови.

Во рок од само пар часови, интернет беше преплавен со сеирџиски постови на сметка на Мадона (како на пример слика на која превезот на окото ѝ е монтиран врз устата, демек подобро за слушање), што ја натера на Инстаграм да објави фотографија на која си ги покрива ушите, со натпис „Мадам X (така ѝ се вика новиот албум) не ги слуша хејтерите“.

Ама Мадона и те како слушала. Инаку немаше на својот YouTube канал да прикачи видео од настапот во кое интензивно е дигитално едитиран звукот, до степен целосно да се испеглаат фалшовите. Меѓутоа, корисниците веднаш ги уловија „шминкањата“ и веќе направија видео споредба меѓу оригиналниот и „аутотјунираниот“ настап:

- Реклама -