На дното на океанот, километри под површината, пливаат радиоактивни животни. Погодете зошто…

Животните кои живеат во најдлабоките делови од океанот во себе носат радиоактивен јаглерод. Зголемени нивоа на истиот неодамна научниците нашле во амфиподите – водни животни налик на ракчиња, кои живеат и до 11 километри под површината на водата.

Овој радиоактивен јаглерод во амфиподите во најдлабоките делови од океанот е човечка последица, односно последица од нуклеарните тестови спроведени во текот на Студената војна, покажуваат научниците во новата студија, во која биле истражувани примероци од три различни локации во западниот Пацифик (Тихи океан).

Еве како стигнал таму; Во тие темни длабочини, кадешто притисокот е висок, амфиподите бараат и се хранат со органски материјал кој тоне од површината. Хранејќи се со остатоците од животните кои биле изложени на радиоактивност во периодот на Студената војна и тогаш мегапопуларните нуклеарни тестови, телата на амфиподите сега се полни со јаглерод, поточно со Carbon-14 – радиоактивен изотоп на јаглеродот познат и како радиокарбон, односно „bоmb carbon“. Овие наоди се првиот доказ за зголемено ниво на радиоактивен јаглерод на дното на океанот, пишуваат научниците.

Со детонирањето на своите бoмби во ’50-тите и ’60-тите, големите сили преку eкcплозиите ослободиле неутрони во атмосферата. Таму, неутралните честици реагирале со натриумот и јаглеродот, создавајќи го јаглеродниот изотоп 14, кој потоа завршил во океанот, апсорбиран од морскиот свет.

До одредено ниво Carbon-14 во атмосферата се јавува и по природен пат, но мерењата покажуваат дека во текот на ’60-тите нивото на атмосферски радиокарбон било речиси двојно повисоко од нивото пред нуклеарните тестирања. Таквото високо ниво не престанало да опаѓа сè додека не биле прекинати нуклеарните тестови. Друг аргумент во корист на тезата дека радиоактивниот јаглерод е масло на луѓето, е што уште по првите нуклеарни eкcплозии, во телата на животните кои живеат близу површината на океанот, почнале да се појавуваат зголемени нивоа на изотопот 14.

- Реклама -