Законот за јазици се применува на страната на претседателот и додека е во изработка

Ден по инаугурацијата на новиот претседател на државата – Стево Пендаровски, на официјалната веб страна на Претседателот на државата сè уште фигурираше старото име на државата и стариот претседател – Ѓорге Иванов.

Ден потоа, по претходните реакции во јавноста, на веб страната на претседателот за прв пат осамна зборот „Северна“ и новото име на државата, заедно со името на новиот претседател Стево Пендаровски. Содржините, пак, беа заменети со голем натпис „Страната е во изработка“.

Два дена подоцна, очигледен е напредокот во изработката, барем од аспект на примената на Законот за јазици. Сега исто така пишува дека Стево Пендаровски е претседател на Република Северна Македонија и дека страната е во изработка, но на три јазици: македонски, албански и англиски. Што секако, е и еден вид политичка порака, која соодветствува со она што Пендаровски го ветуваше во претседателската кампања.

- Реклама -