Героски: Ќе те кандидираме и трет пат

„Еве јавно кажувам дека прогнозирам дека ти сепак ќе успееш да победиш на овие избори. Оти ако не победиш, ако пропаднат изборите, ќе мора по трет пат да те кандидираме. Хахахахах! Се зезам“, пишува новинарот Бранко Героски во денешната колумна во која му ветува на претседателскиот кандидат дека нема да му излегува пред очи…

Во продолжение, Героски прогнозира:

„Ти ќе победиш, не затоа што СДСМ ќе ти донесе повеќе гласови (напротив, мислам дека од нив сега ќе добиеш уште помалку), ниту затоа што Али Ахмети ќе запне да те вади од лајна. Не, драг мој Стево, спасот ќе ти дојде од таму од каде што најмалку очекуваш. Тебе на власт ќе те донесат симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Охрабрени по одличниот резултат од првиот круг, еуфорични и со нескриена надеж дека можат да победат, ќе трчаат на избирачките места да гласаат за Силјановска и така ќе ти го стокмат цензусот.

Без вмровските гласови, друже, ти нема спас!

Целата колумна на следниот ЛИНК

- Реклама -