Силјановска: Прекрасниот човек Дурловски на своја кожа ја почувствува oдмaздaтa

СПОДЕЛЕТЕ

„Славеа минатиот јуни почеток на преговори. Нè уверуваа дека само Преспанскиот договор в раце и ние ги почнуваме преговорите за ЕУ. Ама до тоа нема да дојде, не зошто ние не сакаме, напротив, затоа што тие не знаат како. Но ние знаеме, со ваша помош“, порача Гордана Силјановска-Давкова на вчерашниот централен предизборен митинг во Скопје пред Владата, кој започна со изведба на химната од страна на оперскиот пејач Игор Дурловски.

Во својот говор, Силјановска го спомена и него, нарекувајќи го „прекрасен човек кој сам ја почувствува одмаздата на оваа власт“.

„Да живее Македонија. Да имаме прилика да го слушаме прекрасниот глас на прекрасниот оперски пејач, на прекрасниот човек Дурловски, кој сам ја почувствува одмаздата на оваа власт. Но не само во Македонија, туку и надвор го препознаа тоа. Сакаа да влеат страв преку највредното во Македонија. Ако овој народ и ако идната власт не научи да си го цени најдоброто во уметноста, науката, спортот, никаде нема да одиме – ни нема место во Европа.

Го видовте, го чувте Кире Лазаров како уживаше како нас во победата, и во Македонија. Ако тие се срамат или плашат од нашата химна, која сè што ни се случило го содржи, и до солзи нè тера да тагуваме, ама и нè охрабрува затоа што повикува на човечки правдини, тогаш тие се на заминување, а вие сте на доаѓање. Да живее Македонија, да се бориме за демократијата, да живееме со овој прекрасен народ“, порача Силјановска пред граѓаните (1:44:20 во видеото).

- Реклама -