Претседателските кандидати во „Еден на Еден“: Гога ветува добра нога, Пендаровски ќе ја гура државата како Југото (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Во недела, 14 април, од 18:30 часот на Канал 5 телевизија, во емисијата „Еден на Еден“, претседателските кандидати ќе ја покажат својата човечка, неполитичка (или помалку политичка страна).

Според најавите, ќе биде многу забавно. Стево Пендаровски ќе зборува за тоа колку сака добар рокенрол, а Гордана Силјановска-Давкова всушност и ќе игра рокенрол. Таа ќе зборува и за јогата, детството, патувањата, а Пендаровски ќе зборува и за пасијата со која следи НБА, како и за сличноста меѓу гурање Југо и гурање на државата напред.

Кандидатите ќе откријат и што мислат за досегашните македонски претседатели. Случајно или не, за Бранко Црвенковски и двајцата ќе искористат еден ист збор.

 

- Реклама -