СДСМ: Мицкоски лаже, во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои „Северна“

На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку соопштение до јавноста.

„Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за јавно обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија“, објавија од СДСМ.

Оттаму велат дека Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста, со тоа потврдувајќи дека е ист како „неговиот ментор и претходник – криминалецот Никола Груевски“.

- Реклама -