Орбан: Брисел создава бирократска елита која нема допир со реалноста

Фото: Ројтерс

„Бриселските политичари живеат во балон. Тие создаваат бриселска бирократска елита, која го има изгубено допирот со реалноста“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарско радио, само неколку дена откако неговата партија „Фидес“ беше суспендирана од Европската народна партија (EPP), поради владината кампања во која владата на Орбан го таргетира претседателот на Европската комисија – Жан Клод Јункер. Кампањата го критикува и Брисел, поради туркање на мигрантски политики кои „ја загрозуваат безбедноста на Унгарија“.

Во радио интервјуто, Орбан ги повика слушателите да гласаат за Фидес на мајските избори за Европскиот парламент и со тоа „да му покажат на Брисел дека тоа што се случува во Унгарија е исклучиво тоа што луѓето го сакаат“.

„Луѓето во Брисел се малку лути на нас бидејќи на почетокот на изборната кампања започнавме информациона кампања која ги разоткри манипулациите на Брисел. Не треба да се предадеме и не треба да се плашиме, бидејќи противникот се пожали и нè нападна како некој чија агенда е разоткриена“, порача Орбан.

Politico

 

- Реклама -