Силјановска: Горда сум на својот син!

Без разлика кој и да е вашиот фаворит во претседателската трка, ако го имате, веројатно ќе се сложите, како што се сложија и повеќето твитерџии, дека обидите за омаловажување на семејствата и членови на семејствата на кандидатите се ниски и непотребни удари.

Денеска на Твитер таков обид имаше насочен кон семејството на професорката Гордана Силјановска-Давкова, поточно кон нејзиниот син, при што таа и лично беше прозвана (или со твитер речник, пингана).

Силјановска го прифати предизвикот и објасни што таа мисли за својот син, кој според твитерџиите, често има обичај да си засвири кавал во градскиот парк и да собира парички, но за сиромашните деца што просат во паркот:

„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша таа на Твитер.

- Реклама -