„Македонија-Блокира“ со кривична за ДИК поради свесна саботажа на кандидатурата на Филип Петровски

Движењето „Македонија-Блокира“ најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Државната изборна комисија, за свесна саботажа и одбивање на кандидатурата за претседател на Филип Петровски.

Од „Македонија-Блокира“ тврдат дека реалната состојба со потписите за Петровски воопшто не соодветствува со официјалната потврда што на 15-ти март ја добиле од Државната изборна комисија, како и дека Филип Петровски собрал многу повеќе од потребните 10.000 потписи, но дека ДИК се обидела по секоја цена да спречи неговото име да се најде на гласачките ливчиња на претстојните претседателски избори.

„Македонија-Блокира, на 21 март, четврток, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе ја поднесе најавената кривична пријава против членовите Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија.

Потоа во 13 часот ќе биде даде изјава за медиумите пред зградата на Основното јавно обвинителство Скопје“, соопштуваат од „Македонија-Блокира“, пренесува „ТВ 21“.

Во соопштението од 16 март на „Единствена Македонија“ (која е дел од Македонија-Блокира), тие тврдат дека Филип Петровски всушност собрал 16.300 потписи, но и дека имаат цврсти докази за криминалното спречување на неговата кандидатура. Соопштението го пренесуваме во целост:

„Ја информираме јавноста дека реалната состојба со потписите за кандидатурата на д-р Филип Петровски воопшто не одговара на официјалната потврда што дојде синоќа од Државната изборна комисија.

Кандидатот на „Македонија-Блокира“, д-р Филип Петровски имаше многу повеќе од потребните 10.000 потписи, но, Државната изборна комисија по секоја цена го спречи да се најде на избирачкото ливче на 21 април како кандидат за претседател на Република Македонија.

Во периодот на припремата на кандидатурата на д-р Филип Петровски, односно, пред официјалното започнување на постапката за собирање на потписи, во интерните списоци на „Македонија-Блокира„ имавме 16.300 изјави на избирачи кои ќе се потпишат за кандидатурата на д-р Петровски, од кои 9.200 во земјата и 7.10 од нашинците во дијаспората.

Кога почна официјалното собирање на потписите, на сцена стапи ДИК и во заднина со повеќе противзаконити дејствија спречи да се собираат потписи за д-р Петровски.

Државната изборна комисија беше во законска обврска петнаесетиот ден од распишувањето на изборите да ги отвори сите 80 општински изборни комисии на територијата на Република Македонија како и 41 дипломатско-конзуларно претставништо во странство како избирачите би го давале својот потпис за д-р Петровски во законскиот рок од 15 дена.

Меѓутоа, се случи спротивното, ДИК не ги отвори сите 80-те општински изборни комисии на територијата на Република Македонија а не се отворија и не примаа формулари за потписи на д-р Петровски и 41 дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во странство.

Одделни подрачни канцеларии на ДИК се отворија само првиот и последниот ден кога потписи собираа Гордана Силјановска, Стево Пендаровски и во последен момент Блерим Река. На првиот ден од собирањето ан потписи, формуларот на д-р Петровски е криен во фиоките и подметнувами се формуларите на Силјановска. Исто така, подметнувани се лажни форумулари кои не се потпишани од кандидатот д-р Петровски а кои по исполнување со потписи за д-р Петровски се фрлани и поништувани.

За сето наведено со кое е попречено активното избрачко право на д-р Филип Петровски да биде биран како и пасивното избирачко право на 16.300 избирачи кои имаат избирачко право и имале намера својот потпис да го дадат за кандидатурата на д-р Петровски и да бираат на изборите, „Македонија-Блокира„ поседува цврсти материјални и вербални докази.“

 

- Реклама -