Поради Иванов драстично ќе поскапат дериватите?

СПОДЕЛЕТЕ

Од 8 мај во земјава е можно драстично поскапување на дериватите, предупредуваат од Регулаторната комисија за енергетика во изјава за „Алсат“. Поскапувањето ќе биде индиректна последица на тоа што претседателот Ѓорге Иванов одбива да ги потпише законите означени со новото државно име „Република Северна Македонија“, меѓу кои е и Законот за енергетика.

Како што објаснуваат од Комисијата, на 8-ми мај истекува договорот за малопродажба на нафта и нафтени деривати со ОКТА, а стапува на сила либерализиран пазар. Според искуствата од регионот, во земјите во кои е воведена таква либерализација, цените на дериватите се повисоки за околу 40% во споредба со цените во земјава. Тоа може да се спречи ако измените на Законот за енергетика стапат во сила, со што регулаторот ќе ја одредува цената на начин што нема да предизвика ценовен шок за граѓаните, уверува претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Од друга страна, сите индикатори велат дека Иванов ќе продолжи со непотпишување на законите со името „Северна“ сè до крајот на својот мандат.

Повеќе за поскапувањето прочитајте на „Алсат-М“.

- Реклама -