Home Технологија Наука Хит на Твитер: Едноставен математички трик за полесно пресметување проценти

Хит на Твитер: Едноставен математички трик за полесно пресметување проценти

0
Хит на Твитер: Едноставен математички трик за полесно пресметување проценти

Според Science Alert, милиони и милиони луѓе го знаат триков и очекуваат дека и ние другите го знаеме. Од друга страна, како некој што внимателно ги следел часовите по математика, можеме со сигурност да потврдиме – ова никој никогаш не ни го кажал. Се чини со нас се сложуваат и огромен број корисници на друштвените мрежи, дел од нив дури и со дипломи по применета математика.

4% од 75 = ?

Имено, не секогаш е лесно да пресметате процент напамет, но со триков што се прослави на Твитер работата станува многу полесна во голем број случаи. Трикот се состои во едоставна замена на бројките од двете страни на равенката, по принцип x% од y = y% од x. Не е нов трик, но силната онлајн реакција е знак дека многумина не знаат дека постои, пишува Science Alert.

Конкретен пример: Да речеме дека треба да пресметате 4% од 75. Не звучи едноставно, но доволно е да ги замените двата броја и веднаш ситуацијата станува побистра. Со други зборови, наместо да мозгате колку е 4% од 75, истиот одговор ќе го добиете ако наместо тоа пресметате 75% од 4. Се разбира, 75% е еквивалент на три четвртини, а три четвртини од 4 очигледно е 3. Толку е и 4% од 75.

Друг пример: Не е едноставно да пресметате 18% од 50. Но кога ќе ги замените, сè што треба да пресметате е 50% од 18. Една половина од 18 е секако 9. Толку е и 18% од 50.

Се разбира, има и доста случаи во кои триков не е од голема помош и не ги поедноставува работите. На пример, пресметување на 17% од 12 нема да ви помогне во пресметување на 12% од 17. Истото важи и за големите броеви и броевите со децимали (и други „компликации“). Но се додека се бавите со мали и едноставни броеви, сега имате на располагање одлично трикче што и те како требаше да ни го кажат во школо.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here