Во Германија во моментов е актуелно збирање аспарагус, кој може да донесе дневница од 150 евра.

СПОДЕЛЕТЕ

Сезонските работници имаат намера да се направат брз профит со одење во странство, сега имаат единствена можност – во Германија во моментов е актуелно збирање аспарагус, кој може да донесе дневница од 150 евра.

Како што пишува хрватскиот Пословни дневник, германски сопственици за оваа година издвоиле најмалку 8,60 евра бруто по час, што е малку повеќе од минатата година, но и оние кои ја знаат ситуацијата велат дека оваа бројка е надувана.

Сепак, збирањето на аспарагус за германските услови е слабо платена работа, особено поради тоа што на вработениот му се одбива од парите кои работодавачот ги дава за ручек и сместување.

Неопходно е да се знае дека за време на слободните часови сезонецот треба да работи, да живее и спие во заедничките простории со други работници. Тие треба да делат санитарни јазли и тушеви заедно. Сместувањето не е насекаде исто, но е вообичаено – не е луксузно.

Исто така, паузата треба да биде исклучена од саатницата бидејќи таа не се плаќа во Германија.

Работниот ден обично трае 12 до 13 часа. Во исклучителни случаи, кога аспарагусот во потоплите времиња расте побрзо и го има многу, се работи до 20 часа. Една или две паузи од 15 минути може да се земат за оброк, кој потоа се одзема од вкупното работно време.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ