Дете припитомило волк, сега заедно ги чуваат овците (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Еден ден малиот Хамза од Либија, заедно со неговиот постар брат, дома на татко им му донеле мало „кученце“. „Кученцето“, меѓутоа, било бебе волк. Со оглед дека се работи за диво животно, а особено што семејството чува и овци, нивниот татко немал намера да им дозволи да го чуваат. Но ете, по долго пекање, го убедиле.

Оттогаш 7-годишниот Хамза и Лала се најдобри пријатели. Заедно ги чуваат овците, а Лала ги напаѓа само непознатите кои ги смета за закана за стадото или семејството.

Таткото вели дека и ден денес не е секогаш мирен околу фактот што живее со волк. Но возот е одамна поминат, уште кога почнале да го хранат со кравјо млеко за да порасне. Згора на тоа, луѓето се фасцинирани од приказната и постојано доаѓаат за да ги фотографираат.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ