Русија најавува сериозен рударски „конвој“ на Месечината

Русија планира да прати реупотреблив товарен брод, тежок лунарен ровер за рударење, но и модули за лунарна база на Месечината, открива извор од руската вселенска индустрија за „Sputnik“.

Lavochkin NPO (руска вселенска компанија) им нуди на „Роскосмос“ (руската државна вселенска корпорација) и руската Академија за науки да лансираат четири автоматски летала до Месечината во периодот од 2031 до 2035 година, открива изворот.

Според планот, лендерот Luna-30 ќе достави реупотребливо лунарно летало со залихи за мисии со човечки екипаж.

Лендерот Luna-31 на Месечината ќе однесе лунарен ровер тежок до 5 тона, опремен со неопходните средства и алатки за развој на лунарни ресурси.

Лендерот Luna-32 на Месечината ќе однесе модули тешки и до 6 тона, од кои ќе биде конструиран полигон за тестирање.

Орбитерот Luna-33, пак, ќе ги обезбеди неопходните средства за комуникација и навигација, додава изворот.

Како што најави во јануари Дмитри Рогозин – директор на „Роскосмос“, лендерот Luna-25 ќе биде испратен на Месечината во 2021 година, орбитерот Luna-26 во 2023 година, а лендерот Luna-27 во 2024 година.

Мисијата Luna-25 ќе бара мраз на Месечевиот јужен пол, а ќе тестира и слетувања. Ова ќе биде првата руска мисија на Месечината уште од Luna-24, која беше лансирана пред 40 години, во далечната 1976 година, уште во времето на Советскиот Сојуз.

Орбитерот Luna-26 ќе прави мапирање и ќе прави разни сензорски мерења.

Лендерот Luna-27 ќе собира примероци од почвата на јужниот пол на Месечината и ќе ги проучува.

Во 2027 година, планирано е лендерот Luna-28 да донесе криогенски примероци од почвата на Месечината – на Земјата.

Во 2028 година, лендерот Luna-39 ќе однесе ровер на Месечината.

Според „Роскосмос“, конструкцијата на првата руска база на Месечината ќе почне во 2034 година.

- Реклама -