Возачот на автобусот не бил пијан, му се блокирал воланот

СПОДЕЛЕТЕ
ФОТО: Tetova Sot

Возачот кој управувал со автобусот бил хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имал првичен разговор со него и притоа тој не дал релевантни податоци за целиот настан. Во меѓувреме Јавниот обвинител усно бил известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон, соопшти Основното јавно обвинителство. (Целото соопштение ТУКА).

Според сведоштво на еден од полесно повредените патници, во моментот на несреќата му се блокирал воланот на автобусот.

„Не знам што се случи. Бев на третото седиште и станав кога почна да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Сè се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да не летнам и тоа беше сè“, раскажа патникот Бејтула Муриу врaботен во министерството за економија.

Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот. За нив, вели, немало спас.

Дел од медиумите објавија и дека возачот прв излетал низ стаклото на автобусот. Во меѓувреме е пуштен на домашно лекување.

виа Сител

 

- Реклама -