Отворен уникатен „вселенски“ хотел, како порачан за љубителите на научната фантастика (ВИДЕО)

Необичен хотел неодамна е отворен во рускиот град Алушта на Крим, пишува Russia Today. Необичноста на хотелот е очигледна уште штом ќе влезете низ вратата, бидејќи целиот ентериер е во стил на вселенски брод. Хотелот воедно е дел од поголем комплекс во кој се наоѓаат и музеј и забавен центар.

Називот на хотелот е „The Guardian of the Empire“, од што јасно се гледа дека таргет му се љубителите на научната фантастика. Освен што посетителите престојуваат во специјални „вселенски“ кабини (опремени со мини-бар и ТВ), на располагање им се и други „вселенски“ доживувања, како јадење протеински пилули и друг вид на „вселенска храна“ (супа, каша, компот во туба), како и забава со ласерски топови додека „летаат“ во 3Д симулатори во универзум инспириран од франшизата Star Wars.

Кратко речено, овој хотел/музеј е посветен на историјата на истражувањето на вселената, а експонатите во него се инспирирани од сите полиња на поп културата – од вистински херои како Јуриј Гагарин, па до фиктивни ликови како Дарт Вејдер и амбиент како во некои од понезаборавните видео игри – Dead Space ни паѓа прва на ум, според видеово.

- Реклама -