Министерот Филипче ја вакцинираше својата внука (ФОТО)

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов“, порача министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил, откако утрово во амбулантата Млин Балкан ја вакцинираше својата внука Илина.

„Вакцините се безбедни, ефикасни и нé заштитуваат од разни болести“, порачува Филипче во обид да ги охрабри граѓаните, особено оние скептичните, да не ја избегнуваат имунизацијата и да се вакцинираат себеси и своите деца.

 

- Реклама -