Заврши собраниската седница, продолжува утре во 13 часот (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Собраниската седница на која на двевен ред се најдоа и предлог-амандманите за уставни измени, почна прилично подоцна од најавеното, но и кратко траеше.

Со 78 гласа „за“ од вкупно 97 присутни пратеници, верифициран беше мандатот на пратеникот Рубин Земон, кој ќе седне на пратеничкото место на Томислав Тунтев.

 

Расправата по (четвртата) точката за уставните амандмани започна со обраќање на премиерот Зоран Заев, по што претседателот на Собранието – Талат Џафери, ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре во 13 часот. Во меѓувреме побара говорот да биде доставен до секој пратеник.

„Седницата сега ќе ја прекинеме, бидејќи верувам дека секој пратеник сака да го има говорот на премиерот Заев“, рече Џафери.

Во говорот, премиерот Заев уште еднаш ги истакна придобивките за Македонија кои произлегуваат од Преспанскиот договор, но и изрази благодарност до сите заслужни пратеници кои учествувале во „подобрувањето на Уставот“ преку предлог-амандманите кои се на дневен ред.

Обраќањето на Заев почнува од 16. минута во видеото:

- Реклама -