Со декларации со истечен датум биле „само“ 1% од вакцините, „Македонијалек“ може да ја изгуби дозволата

Министерот за здравство – Венко Филипче, на денешниот прес уште еднаш потенцира дека не се најдени вакцини со изминат рок. Односно, најдени се само мал процент на вакцини со погрешни декларации кои покажуваат изминат рок. Сите вакцини, вклучително и „спорните“, се произведени од „Глаксо Смит Клајн“ од Белгија и се исправни, квалитетни и со важечки рок. Истите биле проверени и при влезот во Македонија и добиле дозвола за увоз, а пропустот настанал подоцна, кога увозникот им ставал кирилични декларации, објасни министерот.

Со погрешни стари декларации биле вкупно околу 1% од вакцините, а најдени се во поликлиниката Железничар и во здравствените домови во Демир Хисар, Велес и Свети Николе, соопшти Филипче.

Сепак, тој порача дека Министерството за здравство со сите сили работи на враќање на угледот во нашиот здравствен систем и затоа нема да дозволи ништо да ја подрива довербата на граѓаните кон истиот. Како резултат, доколку се покаже неодговорност на увозникот „Македонијалек“ и дека проблемот можел да се избегне, министерот не исклучува и санкции за компанијата: раскинување на договорите со Министерството, забрана за увоз, па дури и одземање на дозволата.

Внатрешната контрола во самата компанија, како и надлежните инспекции, продолжуваат да ги чешлаат сите детали од пропустот, а контактиран е и белгискиот производител. Ќе се постапува исклучително по законот, уверува Филипче.

Повеќе детали на „Мета“.

- Реклама -