Се подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ за нови исклучувања?

По шпекулациите во јавноста дека покрај оние меѓу 80-те пратеници што гласаа за почеток на уставните измени, има и други, уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои на седницата која почнува утре се подготвени да ги аминуваат уставните измени, неизбежно се поставува прашањето: Ќе има ли нови исклучувања од ВМРО-ДПМНЕ?

Како што велат од партиски извори за порталот „Експрес.мк“, ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи од практиката сите пратеници што ќе се спротивстават на партиската позиција – неменување на уставното име – да бидат исклучени од партијата. Истото го најави и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николовски, при неодамнешното гостување на Алфа ТВ.

Според партиските извори, не само што ќе бидат избркани пратениците кои би гласале за новите амандмани на Уставот, туку ќе бидат исклучени и оние кои би ги охрабриле на такво нешто, како што беше случајот со екс-министерот Никола Тодоров, потпретседателот Митко Јанчев, и екс шефот на УБК – Сашо Мијалков.

 

- Реклама -