Македонската дијаспора со замерки за документарецот на Морган Фримен (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) реагира на документарниот филм „Selling lies“ („Продавање лаги“), во кој како продуцент се јавува холивудската ѕвезда Морган Фримен, а кој се бави со проблемот со лажни вести со посебен фокус на велешките тинејџери кои наводно влијаеле врз претседателските избори во САД во 2016-та.

Претседателот на ОМД – Методија Колоски, проблемот во документарецот го гледа во тоа што (во трејлерот/најавата) е прикажана само една страна на Македонија – како руинирана заостаната земја во која секој ќе направи што било за пари. Тој вели дека трошните блокови не се единствената слика за Македонија и дека секоја земја има такви, затоа се надева дека ќе биде прикажано и културното богатство, меѓу другите позитивни одлики на Македонија.

Директорката на ОМД – Вероника Томова, од друга страна, стравува дека документарецот може да ја прикаже Македонија како вклучен актер во американско-руското ривалство, што според неа не би било објективната слика за земјата.

Колоски, пак, смета дека е навреда на интелигенцијата за секој со мало познавање од изборните принципи и практики – да се тврди дека група тинејџери од Велес се заслужни за исходот на претседателските избори во САД во 2016-та.

И ние сме тука некаде на истата линија со последниов став на Колоски, а тоа го покажавме и по една слична авантура на CNN во Велес лани во октомври. Ако ви се чита зошто толку нé налутија, повелете на: „Страв и паника од Трампов Велес – CNN во потрага по лажни вести“. А за повеќе детали за документарецот на Морган Фримен, како и реакциите на ОМД, повелете на „Независен.мк“.

- Реклама -