Утре во Рамстор хуманитарно дружење со „Фрајле“

Утре (сабота, 15 декември) од 11.00 до 12:30 часот во ТЦ Рамстор, Магнетик, Еурофарм аптеки, ЦМ Делта и Ребека накит организираат хуманитарно дружење со новосадскиот бенд ,,Фрајле”.

Со купување на музичкиот диск од новиот албум на бендот ,,Љубав на дар” посетителите ќе можат да добијат автограми од девојките и да се фотографираат со нив. 100 денари од сумата на купениот диск оди на Здружението за борба против рак „Борка”.

- Реклама -