Лајкни, коментирај, сподели, а наградата секој би ја посакал – магнетна резонанца!

СПОДЕЛЕТЕ

Правилата се веќе добро познати – Like-Share Public- Comment! Драги наши пријатели, Денес ја објавуваме првата награда за ова зимо која ја доделува нашата Поликлиника *** – добро познато место со најниски цени и најдобар квалитет…, стои во најавата за наградната игра во која една од македонските клиники доделува бесплатна магнетна резонанца.

Како услови кои корисниците треба да ги исполнат, во постот се наведуваат:

  1. Лајк на фан страната на Поликлиника и Центар за болка Мед-х Дијагностика
    2. Сподели ја објавата јавно кај тебе на профил
    3. Пиши ни коментар дека сакаш подарок или тагни пријател кој сакаш да го добие подарокот !

Наградата, се разбира, е во ред, под услов да ја добие некој што навистина му е потребна, со оглед дека на приватните клиники знае да чини и до 10.000 денари, а на државните… шансите да ја добиете пред февруари ви се помали од тие да победите во награднава игра.

Од друга страна, би сакале да живееме во идеален свет каде мотивот не би бил лајкови и шерови, особено кога се зборува за здравје, бидејќи алудира на ужасен недостаток од емпатија. Од дадената клиника можеби и би нé демантирале со аргументот дека тоа го прават за да допре огласот до повеќе луѓе (тоа би се постигнало и со споделување, не мора коментари и лајкови), но како тогаш ќе го објаснат крајот на огласот, во кој пишува, цитираме:

„Среќно!!!! Стискаме палци да ја освоите оваа особено прекрасна награда која секој би ја посакал.???

Па ете, нека биде ова нашиот share и comment, а истовремено и придонес во тоа наградната игра да допре до повеќе луѓе на кои им е потребна наградата. Но нека биде и потсетник дека во иднина треба да внимаваат што пишуваат, бидејќи нарушеното здравје е болна тема, дури и кога е на некој наш близок, а не лично наша. Дотогаш, нема лајк.

#medxskopje НАГРАДУВА!!!Правилата се веќе добро познати – Like- Share Public- Comment !Драги наши пријатели ,Денес…

Posted by Поликлиника и центар за болка Мед-х Дијагностика on Tuesday, December 11, 2018

 

* За да го отворите постот и учествувате во наградната игра, кликнете ТУКА.

** Принскрин од постот ТУКА, чисто за да не испадне после дека сме лажеле, откако (се надеваме) ќе го избришат/поправат невнимателниот дел од постот.

- Реклама -