„Војаџер 2“ го напушти Сончевиот систем

СПОДЕЛЕТЕ

Сондата Voyager 2 го напушти Сончевиот систем, објави денеска и официјално американската вселенска агенција НАСА.

Voyager 2 е лансиран на 20 август 1977 година (слика горе) и стана вториот објект направен од човечка рака кој го напушти Сончевиот систем. Првиот е Voyager 1 – лансиран 16 дена подоцна, кој во меѓуѕвездениот простор влезе во 2012 година (патуваше по пократка патека).

За разлика од Voyager 1, со Voyager 2 контролата на НАСА сé уште може да стапи контакт, макар што преносот на податоци трае дури 16.5 часа.

Кога се работи за Voyager 2, во 1979 година помина крај Јупитер, во 1981 покрај Сатурн, во 1986 покрај Уран, а во 1989 покрај Нептун. Со тоа, „Војаџер 2“ е единственото летало кое прелетало покрај двете најдалечни планети во Сончевиот систем.

Се очекува Vooyager 2 да остане без напојување некаде околу 2025 година.

- Реклама -