Поранешната југословенска република со 752 луѓе постари од 100 години

СПОДЕЛЕТЕ

Според податоците од Агенцијата за идентификациони документи, евиденција и размена на податоци (IDDEEA), во оваа земја со население од околу 3.5 милиони луѓе, живеат дури 752 лица кои имаат по 100 и повеќе години. Најстариот има 114 години и живее во Сараево. Така е, се работи за Босна и Херцеговина.

До пред два месеца, во БиХ живееле дури 769 лица постари од сто години. И тогаш и сега, бројот на жени со над 100 години е двојно поголем од бројот на мажи.

Моментално, од вкупниот број стогодишници мажи се 214, а жени се 538, покажуваат податоците на Агенцијата.

Најмногу стогодишници живеат во Мостар – вкупно 46 (13 мажи и 33 жени).

Најстариот човек во БиХ е маж од општината Стари Град, Сараево, роден на 25 септември 1904 година (една година по Илинденско!).

Инаку, моментално за најстар човек на светот се смета 115-годишната Кане Танака. За најдолговечна досега на светот се смета Французинката Жан Калмен, која живееше 122 години и 164 дена.

- Реклама -