Орбан за Груевски: Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници

СПОДЕЛЕТЕ
Орбан и Груевски на средба во Охрид, септември 2017-та.

Во денешното интервју на „Kossuth Radio“, унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека, како поранешен лидер на блиска земја што имала клучна улога во справувањето со нелегалната миграција, Груевски не само што е негов, туку е сојузник и на унгарскиот народ.

„Без него ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници“, рече Орбан, додавајќи дека „човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници“.

Орбан истакна и дека Груевски е мета на организации блиски до Сорос и дека тој во Македонија се соочува со комплицирани битки. Од тие причини, истакна Орбан, унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски и ќе му овозможат праведен третман, но нема да се мешаат во правните процедури за екстрадиција, исто како што не се мешале и за азилот.

- Реклама -