Американска компанија купи дел од територијата на границата со Мексико за да го „прекине“ ѕидот на Трамп

Американската компанија која стои зад популарната друштвена игра „Cards Against Humanity“, им се придружи на демократите и откупи простор кај границата со Мексико, со цел да го спречи, или во најмала рака да го прекине ѕидот што Доналд Трамп сака да го изгради за да ја спречи илегалната имиграција од Мексико.

Потегот на компанијата доби многу критики, но од раководството велат дека главната цел е исполнета и дека им е драго што му се спротивставиле на Трамп.

„Ако сте гласале за Трамп, тогаш немате што да речете за овој потег“, велат од компанијата. „Ако одлучат да го градат ѕидот, ќе мораат прво да ја откупат целата приватна земја што им стои на патот, што значи дека ќе мораат да го откупат и нашиот дел од земјата. А ние немаме намера да им ја продадеме“.

Администрацијата на Трамп веќе има протип за изгледот на ѕидот и се подготвува за изградба, но наидува на силна осуда, навреди и отпор.

- Реклама -