Русин на 70 години се качува и симнува по карпи без никакви јажиња, само со мускули (ВИДЕО)

СПОДЕЛЕТЕ

Младичов се вика Дидух Андреј Андронович и има 70 години. Младичов како никој друг се качува и симнува по карпи (конкретно во Перја во Краснојарск), и тоа без јажиња. Како резултат, има подобри стомачни од повеќето дури и трипати помлади од него младичи. Без гајле, нема да пропушти да ги покаже, ама во пакет со демонстрацијата ќе одржи и мал говор. Не разбираме руски, ама во кратки црти, барем според коментарите, Андронович објаснува дека мускулите се секаде во светот на природата, и дека ако не ги вежбате и само седите, ниту едни апчиња нема да ви овозможат да ги направите така фит како со тренинг и користење.

А сега да видиме и на дело (не го пропуштајте моментот кога се симнува, посебно е импресивен):

- Реклама -