И Србите во Македонија со свои амандмани: Гарантирани пратенички места за заедниците од преамбулата

СПОДЕЛЕТЕ

„Бидејќи Рамковниот договор станува дел од преамбулата на Уставот, се отвора можност соодветната и правична застапеност да се примени и кај Собранието, каде што преку соодветен амандман припадниците на националните заедници наброени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија ќе бидат претставени во Собранието преку гарантирани места. Амандман со таква содржина ќе доставам во текот на процесот на уставните промени“, најави Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

„Би било мошне наивно и политички неодговорно во овој момент – кога се случуваат драматични потреси и промени во севкупното битисување на државата – српскиот народ во Македонија да остане без соодветна реакција. Сега, како никогаш порано, постои потреба од цврсто застанување на јасна национална платформа, за подготвени да го пречекаме периодот на трансформацијата на системот и вредностите чија основа ќе бидат: Тиранската платформа, Договорот со Бугарија и Спогодбата со Грција – кои на сите можни начини ќе се обидат да ги избришат вредностите на српската традиција, културата и историското минато на овие простори…“, пишува Стоилковиќ во својот Фејсбук пост.

„При оценувањето на политиката на актуелната влада на РМ кон српскиот народ во Македонија мораме и обврзани сме внимателно и крајно рационално да ја земеме предвид нејзината традиционална ненаклонетост и лошата намера демонстрирана во минатото кон нашите национални интереси, водејќи се од пристапот дека од оној кој отсекогаш искажувал и сѐ уште искажува агресија кон нашиот народ – и тоа непрекинато цели три децении откако Македонија е независна држава – не треба де се очекува спасение, дека од оние кои систематски ги бришеа трагите на нашето постоење на овие простори не треба да се очекува помош за нивното зачувување. Од верскиот расколник не можеш да очекуваш разбирање, од оној што те унесреќува не смееш да се надеваш на добронамерност, ниту пак од клеветникот да ја очекуваш вистината.“

Целото соопштение можете да го прочитате на МКД.мк.

- Реклама -