Груевски казната ќе ја одлежи во затворот во Куманово кој тој го отвори

Затворската казна од две години експремиерот Никола Груевски ќе треба да ја одлежи во затворот во Куманово, пренесува ТВ21 од неофицијални извори. Иронијата е што новиот кумановски затвор го отвори токму Груевски за време на својот мандат (на фотографијата), истакнува медиумот.

Инаку, според истите неофицијални извори, познат е и датумот кога Груевски ќе треба да се јави во затворот на издржување на казната, но неизвесно е дали пратеничкиот имунитет ќе биде пречката за тоа. Прочитајте на ТВ 21.

 

- Реклама -