Ви се пее, ама од дома? Sing2Bling – Првиот онлајн музички натпревар на Балканот од Македонија

СПОДЕЛЕТЕ

Ви се пее и сметате дека имате потенцијал за музичка кариера, а не ви се оди по Грандови, Фактори, Таленти, Вашите пет минути и други слични музички… шоуа? Тогаш можеби ќе ве интересира првото светско онлајн музичко натпреварување, лансирано директно од Балканот – Sing2Bling.

Предностите на Sing2Bling во споредба со горенаведените се што овде не се акате по аудиции, немате ограничен број шанси, немате ограниченост по жанр, ниту пак имате причина за трема пред жири со спорен просек на интелигенција – затоа што жири не постои. Единствени судии се публиката, т.е. обичните корисници на социјалните мрежи.

Учеството е просто како грав, во четири чекори:

Се регистирате на платформата, го закачувате своето музичко видео, па го споделувате на друштвените мрежи. Ако публиката ве сака и споделува, а вашето видео се најде меѓу најпопуларните, имате можност да добиете дневна, неделна, месечна и главна парична награда. Оваа последната, од 5.000 евра, е резервирана за учесникот чие видео ќе биде најсподелувано во текот на циклусот, а бонус е што победата не носи никаков обрзувачки договор, туку можност да бидете забележани од далеку повеќе (реномирани) музички продукциски куќи на пазарот, и тоа светскиот, со кои вие би соработувале по ваш избор.

Збор-два за платформата ќе каже и основачот, Иван Јанков. Проектот е самофинансиран, вели тој, а реализиран од тим дизајнери и програмери од Дигитал Презент. На проектот се работело повеќе од една година, од тестирање па до правна заштита на светско ниво. Целта е да им се даде можност на скриените таленти, особено оние поскриените и посрамежливите. Од тимот се надеваат дека првиот победник и новата балканска ѕвезда ќе биде токму од овде.

За учество, можете да се пријавите на следниот линк:

КЛИК

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ