Дечињата од Тајланд ја напуштаат болницата, па ќе одржат прес

СПОДЕЛЕТЕ

Дванаесетте дечиња фудбалери и нивниот тренер утре излегуваат од болница и заминуваат дома, но претходно ќе одржат прес-конференција за јавноста.

Меѓутоа, властите и лекарите и понатаму се загрижени за здравјето на децата, особено затоа што добиле неочекувана слава и интерес од медиумите. Токму поради ова, целата прес-конференција ќе биде внимателно контролирана.

Новинарските прашања веќе ќе бидат разгледани од психолози и тие кои ги сметаат за несоодветни, децата и тренерот нема да ги одговараат.

Младиот фудбалски тим и нивниот тренер беа речиси три недели заглавени во пештера во Тајланд. Спасувачката мисија, иако тешка и неизвесна, заврши успешно по само три дена интензивна акција на спасување.

- Реклама -