Човек загинал на патот Битола-Демир Хисар, уште една потешка сообраќајка кај Свети Николе

СПОДЕЛЕТЕ

52-годишен човек од Демир Хисар загинал на патот Битола-Демир Хисар, во сообрајаќна несреќа помеѓу трактор и камион.

Загинатиот се превезувал во приколката од тракторот.

Исто така, денеска во прекин беше дел од делницата Куманово-Свети Николе-Овче Поле, поради сообраќајна несреќа. По неколку часа сообраќајот бил нормализиран. Засега нема детали за евентуални жртви.

- Реклама -