Покрај децата и тренерот, уште 4 лица чекаат спас од пештерата

Тројца нуркачи и еден лекар се наоѓаат во пештерата заедно со четирите деца и нивниот тренер. Денешната спасувачка мисија се очекува да биде подеднакво напорна и неизвесна како и претходните, но спасувачките тимови се уверени дека до крајот на денешниот ден сите ќе слават.

Овие луѓе се дел од иницијалната спасувачка екипа која на децата им носеше храна и лекарска помош.

Првиот ден мисијата траеше 11 часа, вториот девет, а за денеска спасувачите се надеваат дека ќе можат да го завршат целиот процес за исто време или барем нешто пократко.

- Реклама -