Најново од Тајланд: Спасено е уште најмалку едно дете, тврдат сведоци

Спасувачите изнеле барем едно момче од системот пештери, тврди сведок кој бил во близина на пештерата во северен Тајланд.

Ако информацијата е точна, момчето е првото што е спасено денес (понеделник) и ќе им се приклучи на останатите четири момчиња кои беа спасени во неделата од длабочините на пештерата благодарение на интернационалниот и тајландскиот тим на нуркачи.

Момчињата исчезнаа пред две недели, а беа лоцирани минатиот понеделник.

- Реклама -