Споредните улички во италијанските гратчиња се како од сликовница

Италија е прекрасна и има од сé по нешто. Но на толку убавини, туристите често забораваат да скршнат од патот и да погледнат во споредните и затскриените сокачиња. И пропуштаат.

Фотографииве се снимени во регионот Cinque Terre – карпест предел од италијанската ривиера. Луѓето одат таму за да ги видат прекрасните италијански приморски селца, но повторно, забораваат да погледнат „меѓу редови“. Фотографот Алберт Дрос решава да ни покаже што всушност пропуштаме, а особено во пролет и лето, кога локалните ги украсуваат своите тераси и куќи со цвеќиња и други растенија, и целата сцена добива лик како од сликовница.

- Реклама -