Му најдоа двојник на Доналд Трамп, на нива во Шпанија

СПОДЕЛЕТЕ

Велат дека секој има свој двојник, а двојникот на Доналд Трамп се чини е во рурална Шпанија, и е жена.

Долорес Леис Антело веќе 40 години живее со сопругот на фарма во Кабана де Бергантињос. Нема компјутер, нема телефон, и не прави селфи, но сепак стана вирална на социјалните мрежи.

„Крива“ е новинарката Паула Васкез, пред која Антело позирала со мотика на рамо за потребите на статијата што новинарката ја пишувала за тоа како фармерите се справуваат со лошото време.

 

Во меѓувреме, фотографијата едноставно ѝ се допаднала на Васкез, па таа ја објавила на својот профил на Инстаграм, тотално незабележувајќи дека Антело е плукната копија на лидерот „на слободниот свет“. Се разбира, остатокот од интернет веднаш ја увиде сличноста.

Самата Антело, пак, сосема спокојно ја прифаќа популарноста. Вели дека сличноста веројатно најмногу се должи на косата.

Засега нема реакција од Доналд Трамп, ама има од пародичните профили што му ги отвараат ширум светот.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ