ВИДЕО: Доналд Трамп против првут

Макрон и неговата сопруга се во тридневна посета на САД, а тоа значи дека Доналд Трамп (и Меланија) им е домаќин, нели. Тоа, пак, значи дека нé очекуваат куп интересни, да не речеме сеирџиски, моменти.

Првиот се случи уште при посетата на Макрон на Белата Куќа, пред американскиот и францускиот претседател да се фотографираат. Доналд Трамп, сакајќи да долови колку се тие двајца всушност блиски, во негов стил, се обрати кон камерите и рече „еве видете, сега ќе му го зачистам првутот од сакото“. И му го зачисти.

„Мора да биде беспрекорен. Тој е беспрекорен“, рече Трамп, пофалувајќи го Макрон како да му е „вработен на месецот“ во еден од хотелите, а не како да е претседател на Франција.

Од друга страна, Макрон е таму за да го убедува Трамп да останат во Сирија, меѓу другото, а тоа американскиот претседател сигурно нема да пропушти да го искористи.

- Реклама -