И тие не веруваа дека настап на магионичар може да ги расплаче (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Настапот на Марк Спелман на „Британија има талент“ почна сосема вообичаено, слично на настапите на другите магионичари на талент шоуата.

На жирито му подели фломастер, книга, рубикова коцка, боици и карти, притоа доделувајќи им разни задачи. Но момент потоа, Спелман објасни дека тоа што го прави не е магија.

„Викајте го итроштина, илузија, снаодливост, но вистинската магија ја открив пред две години“, рече Спелман, па им пушти видео за да видат како всушност изгледа таа вистинска магија.

Настапот на магионичарот почна типично, но заврши сосема неочекувано – со видно трогната публика и жири, и првиот „златен базер“ во 2018-та. Видете и вие што е „вистинската магија“:

Во видеото Спелман објаснува како по пет години неуспешно вештачко оплодување, кога конечно забременила, на неговата сопруга ѝ бил откриен рак. Нивната ќеркичка Изабела ја преживеала хемотерапијата на која била подложена мајката додека таа била во утробата. Денес Изабела е сосема здраво девојче. Е тоа е вистинска магија.

 

- Реклама -