Отровни домати на Балканот: „Кората не е за човечка исхрана“

СПОДЕЛЕТЕ

На белградските тезги се појавија домати увезени од Турција со страшно предупредување наведено на гајбите. „Лушпата не е за човечка исхрана“, пишува на декларацијата, а тоа по којзнае пат го изнудува прашањето, со оглед дека и ние не сме далеку од Србија: Знаеме ли што јадеме?

 

Иако зеленчукот не би требало да биде опасен по човечкото здравје, експертите објаснуваат дека ова на декларацијата значи дека производот е затруен со пестициди до степен кога Е опасен. Наведуваат дека такви примери има речиси на секој пазар во Србија, и дека луѓето го јадат таквиот зеленчук зашто никој не ги предупредил дека го загрозуваат здравјето.

 

„Кога лушпата е попрскана со пестициди, секако дека не е за човечка употреба, бидејќи е отровна и опасна по здравјето. Но граѓаните не знаат што купуваат и не се ни сомневаат дека лушпата од доматот не смеат да ја јадат! Најголемиот дел од доматите се увезуваат од Турција и Албанија, па за да се задржи свежината од пакувањето до продажбата, процес кој може да трае и до 3 месеци, тие го прскаат доматот со специфични отрови. Затоа денес доматите изгледаат така пластично, додека непрсканите домати гнијат и им се појавува мувла по само еден ден ако не се чуваат во фрижидер“, вели Горан Паповиќ – претседател на Националната организација на потрошувачи на Србија (NOPS).

Според Паповиќ и други српски експерти, во конкретниов случај е прекршена трговската пракса, и тоа мора да се санкционира со закон. Како и да е, сите се сложни дека никој не знае колку отровно овошје и зеленчук се продаваат по пазарите и малите продавници и колку граѓаните имаат изедено.

Со оглед дека и ние не сме далеку од Србија (во било кој поглед), сметајте се за предупредени.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ