Ви излегува BFF во коментари на Фејсбук со зелено? Еве што значи тоа

СПОДЕЛЕТЕ

По скандалот со крадење податоци со Фејсбук и Кембриџ Аналитика, на некој му текна да пише дека Марк Закерберг измислил код „BFF“ кој ако го пишете во коментар и ви излезе со зелени букви, тоа значи дека профилот ви е безбеден.

Дали на мајтап или затоа што стварно поверувал (веројатно првото), му текнало и на некој наш да го преведе.

И пазете, 17.000 коментари! Толку отприлика паднале на форава. На заебанциите на нивна сметка им нема крај.

Е сега, сфаќаме дека не сите поседуваат и се замараат околу техничките познавања, ама на толку години постоење на интернетот и социјалните мрежи, редно е да знаете дека онлајн безбедноста не функционира така едноставно и не можете да ја проверите со обичен коментар од 3 букви.

Сепак, можеби овие 17.000 биле збунети од тоа што на некои коментарите стварно им излегуваат со зелена боја.

Еве зошто: Пред некое време Фејсбук воведе нова опција одредени клучни зборови да се појавуваат во боја, заедно со анимација. На пример BFF (што е кратенка од Best Friends Forever), Congrats, XOXO и слични. Фејсбук сé уште ја апдејтира листата со зборови, па веројатно тоа е причината што на некои профили работи, а на некои не. Тоа може да има врска со тоа кој јазик ви е дифолт на профилот, кога ви е отворен профилот, локацијата на живеење што ви е наведена… Којзнае. Ама едно е сигурно, нема никаква врска со тоа дали профилот ви е безбеден.

За жал, пола од овие 17.000 сега се насекирани зошто BFF не им излегло со зелено и дека им е небезбеден профилот. Другите пола задоволно ќе си се смешкаат зашто профилот им е безбеден. А останатите, тие од страна, ќе им се смеат и на едните и на другите, зашто во 2018та ваква онлајн наивност е баш за тоа – за смеење.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ