Што копаат булдожерите на сртот на Водно? (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Државната компанија Македонски енергетски ресурси испланирала дел од националниот гасификациски систем да минува баш по сртот на Водно. Подолу ќе имало многу проблеми со експропријација на земјиштето, пари нема, па државата решила гасоводот да минува на врв на планина, пишува порталот МКД.

Четири багери во вторникот минатата недела, в зори, без најава, се искачиле на Водно и почнале да го рамнат теренот на местата каде што треба да поминува гасоводот. Работеле два часа и си заминале. Израмнет е дел од шумата на местото наречено Бел Камен во должина од 200 метри и ширина од 25 метри, а околчена е и целата траса кон Матка, каде што треба да минува гасоводот. Багерите сотреле и неколку борови што стојат покрај израмнетиот дел. Откорнати и искршени дрвја има и по целиот пат што води до Бел Камен – им пречеле на машините.

Проектот за изградба на гасовод на Водно е одобрен уште 2010 година кога Министерството за транспорт и врски направи и физибилити-студија за влијанието врз околината.  Низ Водно ќе минува магистралниот гасовод Скопје-Гостивар-Кичево.

Утврдено е дека секаде каде што трасата на гасоводот минува низ нискостеблеста и високостеблеста вегетација ќе биде неопходно да се отстранат стебла и грмушеста вегетација.

Предвидено е загадување на воздухот од градежните машини и од заварувањето на цевките, бучава од механизацијата и појава на градежен шут, а пресметани се низа ризици за околината и во текот на користењето на гасоводот.

Останатите детали во видеото, или на Макфакс.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ